Без разлика дали одите на работа или на забава, не можете да погрешите со оваа пунџа.
Кога ќе почне жештината, многу девојки едвај чекаат да ја подигнат косата, да ја држат подалеку од вратот и на тој начин барем малку да си ги олеснат маките.
Сепак, самото врзување во репче може да изгледа прилично обично и досадно, а исто така не е многу соодветно за сите прилики.
Постои една фризура која ќе ве ослободи од маките и во исто време ќе изгледа одлично, без разлика дали одите на работа, кафе со пријателите или можеби на прослава.
Се што треба да направите е да ја разделите косата по средината и да ја врзете на две високи репчиња. Потоа од нив направете две плетенки и закачете ги краевите на ластичето, така што ќе се направат како две јамки. Потоа земете ги тие две јамки, завртете ги еднаш и поминете ги една низ друга, а потоа зацврстете сè со шноли.
Видео упатството може да го погледнете ТУКА.