Популарниот вински пијалок со додаток на овошје е идеално освежување за топлите летни денови
Сангријата потекнува од Шпанија и се прави од различни видови вино. Состојките за овој рецепт кои ви ги предлагаме можете да ги набавите во продавниците за здрава храна. Рецептот е малку поинаков од оној на класичната сангрија, но вкусот е незаборавен!
Состојки:
1 портокал исечен на парчиња
½ ананас исечен на парчиња
1 јаболко исечено на парчиња
700 мл вино „Cabernet Sauvignon“
170 мл ризлинг
90 мл рум
90 мл шеќерен сируп
90 мл сок од брусница
90 мл сок од манго
90 мл сок од маракуја
Шеќерниот сируп е вообичаен додаток на коктели и други пијалоци, а едноставно се прави со мешање на шеќер и вода во еднакви размери.
Потребно е во тенџере да се стави вода со шеќер и да се вари на тивок оган додека шеќерот не се раствори во водата. Оставете да се излади, а потоа префрлете го сирупот во шише и чувајте го во фрижидер.
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во поголем бокал и ставете го во фрижидер да отстои 12 часа.
После тоа, сипете ја сангријата во убави чаши и украсете со овошје.
Уживајте!