Високиот крвен притисок е проблем кој го погодува секој десетти човек, а многумина од нас можеби не ни знаат дека страдаме од хипертензија, бидејќи таа обично нема никакви симптоми.
Веројатно ќе дознаете дека имате висок крвен притисок само кога тој ќе предизвика посериозна последица. Премалку луѓе одат на лекар на редовни прегледи, поради што притисокот може да направи хаос во телото пред да биде дијагностициран.
Еден од необичните сигнали дека нешто не е во ред ќе бидат проблемите со меморијата, велат експертите.
Мозокот се потпира на постојано снабдување со нова крв богата со кислород за нормално да функционира. Високиот притисок може да го намали протокот на крв во мозокот, па дури и да создаде привремени или значителни блокади кои потоа предизвикуваат исхемични напади или мозочни удари.
Нерегулираниот висок крвен притисок може да предизвика проблеми со меморијата, учењето, па дури и говорот. Важно е да се знае дека лечењето на притисокот нема „магично“ да ја поништи веќе направената штета, но значително ќе го намали ризикот од дополнителни проблеми.