Ова е основната ЖИВОТНА ВЕШТИНА: Еве како да научите да КАЖУВАТЕ „НЕ“

popara16 април, 20231min00
Screenshot_12

Дали секогаш ги исполнувате желбите на другите луѓе и не знаете како да им кажете „НЕ“?

 

 

 

Постојат многу причини зошто на некои луѓе им е тешко да кажат НЕ. Тие најчесто сакат да ги задоволат свотите роднини/пријатели и не знаат да постават граница. Луѓето кои постојано ги исполнуваат туѓите желби со текот на времето стануваат напнати, исцрпени, а честопати не се ни свесни зошто така се чувствуваат.

 

Луѓето кои се постојано им “помагаат“ на другите луѓе најчесто се убедени дека ќе бидат лоши личности, доколку не ги исполнат желбите на своите блиски. Овој вид на размислување е ирационален и честопати носи негативни последици, како чувствуво на виновност.

 

Страв од отфрлање, исто така, може да ги спречи луѓето да им се спротивстават на желбите на другите. Ова е поврзано со ниската самопочит и верувањето дека другите луѓе се поважни.

 

Понекогаш луѓето веруваат дека другите луѓе ќе ја сметаат за супериорна, доколку константно им ги исполнува желбите. И тука се работи за проблем со самодоверба. Во овој случај луѓето не сакаат да ги покажат свотите слабости.

 

Кажете НЕ на начин на кој ќе ве разберат јасно и директно. Користете фрази како: „Ви благодарам, но сега не е вистинско време“ или „Жалам, но денес не можам да ти помогнам.“

 

Запомнете дека не ви е потребна дозвола да дадете негативен одговор на нечие барање.

 

Кога некому ќе кажете НЕ, не ја одбивате конкретно таа личност, туку ја одбивате нејзината молба. Важно е, од време на време, луѓето во вашето опкружување да чујат и негативен одговор. На тој начин ќе го развијат чувството за самоконтрола и ќе бараат помош од вас само кога истата навистина ќе им биде потребна, а вие нема да се чувствувате искористено.

 

И за крај, бидете искрени со себе и запрашајте се сакате ли навистина и искрено да помогнете или тоа го правите само за доброто на другите?

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma