Сестрата близначка на Жизел Бундшен, Патриша Бундшен, блесна на црвениот тепих за гала вечерата на една бразилска фондација.
Сестрите им позираа насмеани на фоторепортерите додека цело време ги гушкаа сите.
Жизел облекла едноставен бел фустан на едно рамо, кој го искомбинирала со зелени потпетици и сето тоа го комплетирала со косата средена во меки бранови.
Нејзината сестра близначка облекла цветен фустан со косата обвиткана преку рамениците. Стајлингот го комплетираше со минималистички златен накит.
На хуманитарната вечера во Мајами присуствуваа гости од А-листата како Карли Клос и собраа речиси милион долари за пошумување во родната земја на сестрите.
Во текот на вечерта Жизел им се обрати на присутните со следните зборови:
– Ова беше мојата прва гала и не можев без сестра ми Пати. Ние сме многу блиски, како што знаете, ние сме близначки. Си веруваме и секогаш си го сакаме најдоброто една на друга и тоа е бесценето – рече Жизел и додаде.
– Семејството е она што ни ја дава основата, тие се нашите најголеми учители и ни помагаат да станеме тоа што сме.
Покрај Патриша, која работи како бизнис менаџер на Жизел во Бразил, таа има и други сестри. Сестрата Ракел е поранешен ангел на Викторија Сикрет и има 48 години, Грасиела 46, Габриела 40 и Рафаела 34.
-Времето кое можеме да го поминеме со семејството е едноставно одлично, особено е убаво да се види убавата врска која децата ја имаат со своите роднини додека растат сите, тоа е бесценето – изјави Жизел, која има свои деца од нејзиниот брак со Бредли, син Бенџамин (13) и ќерка Вивијан (10).
– Возбудена сум што наскоро ќе го посетам Бразил за да го запознаам новороденчето на сестра ми Фафи, а другата сестра ми Габи ова лето чека дете – рече таа и додаде дека тоа е благослов.
Иако ретко објавува фотографии со своите сестри, гордата Жизел ѝ посвети емотивна објава на својата близначка по повод нивниот 40-ти роденден во 2020 година.
– Денеска Пати и јас славиме четири децении од животот на оваа неверојатна планета! Среќна сум што се родив со мојот близнак и мојот најдобар пријател – напиша таа на Инстаграм објава во која покажа колку ја сака својата сестра.