Парео здолништата кои се врзуваат околу половината се многу практични и можат да се носат во различни комбинации.
Меѓу популарните кроеви на здолништа оваа сезона еден посебно се издвојува. Кратки или долги, обични или дезенирани, парео здолништата може да се носат цело лето.
Некогаш резервирани само за плажа, денес парео здолништата се носат насекаде. Тие се направени од различни материјали и се многу удобни за носење. Овие здолништа може да се носат во опуштени дневни варијанти, но и навечер, кога сакате посебно да се дотерате.
На плажа, пареото може да се носи во комбинација со бикини, кимоно за плажа или топ.
За во канцеларија или за ноќно излегување може да се комбинира со убав плетен џемпер или квалитетна маичка и убава кошула.
Новите верзии на парео здолништата се направени од елегантни материјали како лен или свила. Достапни се во модерни принтови и тренди бои.
Ова лето многу брендови ги имаат во нивните актуелни колекции.