ОВА МОРА ДА ГО ПРОБАТЕ: Крофни полнети со ореви, со меко тесто и вкус кој ќе ве воодушеви

popara26 октомври, 20231min00
676 (50)

Ако сакате крофни, ѓевреци или меки крофни, ова тесто е нешто помеѓу тие совршени колачи. Тестото, меко како душа, а сепак исполнето со јаткасти плодови, е едно од најдобрите слатки теста.

Специјалитет на Бака Јелина ќе ви успее уште од првиот пат бидејќи тестото е прилично лесно за месење. Наместо ореви, можете да користите намаз како домашен џем или еурокрем.

Состојки: 250 мл вода, 10 гр квасец, 1 лажичка шеќер, 400-450 гр брашно, 2 лажици масло, 100 гр мелени ореви, шеќер по желба, 50 гр суво грозје

Подготовка: Квасецот издробете го во малку вода, потоа додадете шеќер и оставете да се активира. Истурете ја преостанатата вода, маслото и постепено додавајте брашно додека не замесите мазно тесто. Се остава покриено да нарасне околу половина час. На набрашнета површина развлечете го тестото со сукало со дебелина од околу 1 cm, па исечете го на правоаголници. Во оревите додадете шеќер, суво грозје и малку сок. Ставете ја смесата со лажица во средината на правоаголникот, па преклопете и добро притиснете. Наредете ги во намрсен плех, па поклопете и оставете ги да одморат уште 20 минути. Пржете во длабоко масло. Исцедете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии. Можете да посипете ванила со шеќер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma