Позната јапонска мудрост вели дека кога ќе влеземе во нечиј дом, прво треба да ги затвориме очите.
Што тоа значи?
Покрај воспитувањето и почитта на домаќинот, важно е да не се разгледува домот и да не се забележуваат работи кои треба да се поправат, решат, исчистат. Прашината на подот не е карактеристика на срцата на овие луѓе, расфрланите играчки исто така не се показател за лошо родителство. Можеби едноставно немале време, немале сила – тоа се нивните животи и не треба да навлегуваме во причините.
Една јапонска поговорка вели:
Ако влезеш во нечива куќа, биди слеп, а кога ќе излезеш биди нем. Не барај недостатоци во куќата во која се наоѓаш, а ако ги видиш, не кажувај никому.
Ако зборувате лошо за вашите домаќини на другите, покажувате непочитување, лоша енергија и таа ви се враќа.
Почитувајте ги другите луѓе, ценете нечие гостопримство и таа почит ќе ви биде возвратена.