Малините спаѓаат во редот овошки кои се многу ценети поради своите лековити својства. Ова овошје е слатко и многу вкусно, а во себе не содржи голем број калории.
Малините се богати со растителни влакна, а се одличен извор на фруктоза, флавониди, витамини Ц и Е и минерали (особено калиум). Во себе содржи антоцијанини и полифенолни соединенија, кои се моќни антиоксиданси и имаат силна антиканцерогени својства.
Тие се многу здрави за нервниот систем и за крвните садови, а сокот од малини се користи и за лечење болести на желудникот и цревата. Покрај самиот плод и листот од малина може да се употреби како чај за зајакнување на срцето, лечење хемороиди и други работи.
Некогаш овој чај се користел за лечење на стерилитетот кај жените бидејќи тој ги прочистува јајцеводите и има позитивно дејство на ѕидовите на матката.
Малините се погоди и за исхраната на дијабетичарите бидејќи содржи многу мала количина јаглени хидрати.