Ова се витамини и минерали неопходни за ЗДРАВИ ЗАБИ, а еве како да ги внесете во доволни количини

popara8 септември, 20231min00
Screenshot_14

За убава насмевка од пресудно значење е негата на забите, а австралиски стоматолози препорачуваат и посебен вид на исхрана за тоа.

 

 

 

 

На листата на продукти кои се здрави за забите, австралиски стоматолог доктор Стивен Лим препорачува путер, салама, сирење и кашкавал.

 

„Забите се живи органи и бараат адекватна исхрана за регенерација и одржување. Без адекватна исхрана, вашите заби ќе страдаат“, вели Лин.

 

Значи, ако внесувате доволно витамини и минерали, вашите заби природно ќе се регенираат и ќе бидат здрави и јаки.

 

Меѓутоа, ако неправилно се храните, киселината од вашата уста ќе го попречува тој природен процес и ќе доведе до брзо распаѓање на забите.

 

„Кариесот не се предизвикува само од шеќер, туку и од недостатокот на хранливи материи кои и се потребни на забите“, вели Лин.

 

Со што треба да се храниме?

 

Стоматолозите велат дека се најважни витамините растворливи во масти како А, Д, К2 и Е.

 

Овие се добри природни извори за секои од нив:

 

Витамин А – млеко, јајца, риба

 

Витамин Д – Масна риба, печурки, млечни производи

 

Витамин К2 – јајца, путер, салама

 

Витамин Е – Спанаќ, брокула

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma