ОВА СЕ ИНФЕКЦИИ КОИ ПОСЕБНО СЕ ЗАКАНУВААТ ВО ЛЕТО Доктор открива како да се ЗАШТИТИТЕ

popara28 јуни, 20231min00
721828_shutterstock-81409249_f

Сексуално преносливите инфекции се почести во лето од едноставна причина што сексуалната активност е поголема во тој период од годината, вели д-р Александра Пантовиќ.

Во летните месеци најчесто се јавуваат „самоинфекции“ поради топлината и влажноста, што го фаворизира развојот на одредени микроби, а меѓу најчестите се оние на кожата, но и оние на гениталиите, вели д-р Александра Пантовиќ, општ лекар.

– Кај лицата со гојазност може да се создаадат рани меѓу бутовите предизвикани од триење во текот на летото, а во тој случај заболеното место треба да се измие и посипе со талк, односно да се трудите постојано да е суво. Можни компликации може да бидат и бактериски и габични инфекции – вели д-р Пантовиќ.

Кожните инфекции вклучуваат кандидијаза, габична инфекција која се јавува поради зголемено потење на наборите помеѓу прстите, пазувите, препоните, наборите на предниот дел на лактот и задниот дел на коленото.

Ќе ја препознаете по црвенилото со околно лупење со континуирано чешање, а често се поврзува и со бактериска инфекција. Кога ќе се појават симптомите треба да се обратите кај дерматолог, додава нашата соговорничка.

Повеќе романтика, повеќе инфекции

Сексуално преносливите инфекции се почести во лето од едноставна причина што сексуалната активност е поголема во тој период од годината, нагласува докторката.

– Со оглед на тоа дека овие болести се пренесуваат со контакт, единствена вистинска и соодветна заштита е употребата на кондоми. По појавата на првите симптоми во вид на изменет (волумен, боја, мирис) секрет или чешање, обратете се кај вашиот гинеколог – предлага д-р Александра Пантовиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag