Ова се модните правила до кои се придржува Амал Клуни, дама со уникатен стил

popara26 август, 20231min00
752205_amal_m

Една од најдобро облечените жени во светот, Амал Клуни, им порача на жените да бидат храбри кога е модата во прашање, покажувајќи со пример кои се тајните на добриот стил.

Амал Клуни, адвокатка специјализирана за меѓународно право и човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни, е позната по својата грациозност и стил.

Амал ги инспирира жените ширум светот со својот елегантен стил. Со нејзините модни правила секоја жена може да изгледа добро.

Еве што го дефинира стилот на Амал Клуни:

Амал Клуни се чувствува феноменално во облека со винтиџ изглед и крој. Оваа облека им стои на жените во четириесеттите години и изгледа елегантно и отмено. Амал често носи Шанел комплети, тесни, цигари панталони и фустани и блузи направени од квалитетни материјали.

Во оваа облека инспирирана од 1960-тите, Амал изгледа самоуверено и привлекува внимание каде и да оди.

Смело носи светли бои

Амал носи светли бои и облека со необични дезени. Таа е видена во светло зелена, жолта и црвена облека. Сака и облека со дезени, а често носи ексцентрични парчиња – штикли со цветен мотив на нив или необичен накит.

Облеката во светли бои привлекува внимание и остава силен впечаток, а истовремено го подигнува расположението.

Модните детали се важни

Амал е позната и како дама која се грижи за модните детали и никогаш не се појавува без нив. Без разлика дали се работи за тренди штикли или впечатлива чанта, Амал секогаш внимателно ги бира аксесоарите. Се грижи и за накитот и за очилата за сонце.

Амал Клуни еднаш им порача на жените:

– Не плашете се да бидете храбри и оригинални – тоа е она што треба да го правите. Борете се за она во што верувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag