Ова се најдобрите совети како да ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ПРЕЈАДУВАТЕ!

popara5 јуни, 20231min00
676

За оние кои уживаат во храната, тешко е да застанат кога јадат, особено ако тоа е нешто што навистина им се допаѓа. Ви носиме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се контролирате кога е храната во прашање, а вашето тело ќе се препороди!

„Исчистете ја“ кујната

Сите имаме храна на која сме слаби, чоколадо, чипс, сладолед… допишете сами. Како да си помогнете? Најлесно е воопшто да не запаѓате во искушение. Не чувајте храна на која не можете да и одолеете во кујната. Ако сакате сладолед, купете еден, на стапче или во корнет, а не семејно пакување.

Спијте повеќе

Кога сме лишени од сон, многу е тешко да одолееме на примамливите задоволства. Ако добро сте спиеле, вашето тело функционира правилно, полесно е да се одржи самоконтролата и не копнееме за слатки кои брзо ја зголемуваат енергијата, бидејќи не сме исцрпени.

Не дозволувајте да прегладнете

Јадете редовно, бидејќи тогаш јадете само додека не се заситите. Кога сме гладни, постои многу поголем ризик од прејадување бидејќи ја губиме самоконтролата.

Запрашајте се зошто јадете

Кога се чувствувате гладно, обидете се да процените колку навистина сте гладни. И дали воопшто сте гладни, особено ако сте јаделе неодамна. Понекогаш, ги мешаме гладот ​​и жедта, па затоа не е лоша идеја прво да се напиете чаша вода кога ќе добиете ненадеен и неочекуван глад, иако неодамна сте ручале.

Кога јадете, јадете полека

Не јадете додека ја гледате омилената серија или филм и не скролајте по телефонот или таблетот додека сте на маса. Ако не сте фокусирани на храната, поголема е веројатноста да продолжите да јадете дури и кога сте сити.

Користете помали чинии

Научните студии докажаа дека луѓето јадат помалку храна ако чиниите се помали. Ако јадете од големи чинии, вообичаено ќе ставате додека не ја наполните чинијата, иако сигурно не сте секогаш толку гладни.

Погрижете се да внесувате доволно протеини и влакна

На овој начин подолго ќе се чувствувате сити и ќе имате доволно енергија помеѓу оброците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag