Топлата вода е најевтинотo помошнo лекoвито средство. Иако можеби не е по ваш вкус бидејќи сте навикнати да ја пиете ладна, пиењето топла вода има многу придобивки за вашето здравје и вкусот може да се подобри со додавање на лимон. Ова го тврди ајурведата, најстарата медицина во светот.
Пиењето чаша топла вода наутро му помага на телото да ги исфрли токсините. Топлата вода ја разградува храната во желудникот и на тој начин му помага на дигестивниот систем подобро да функционира. Исто така, кога се исфрлаат токсините, циркулацијата е подобра.
Топлата вода делува и како лаксатив, па ако имате запек, ќе ви помогне. Кога ќе се случи запек, испијте неколку чаши топла вода веднаш штом ќе станете и тоа ќе ги стимулира цревата.
Пиењето неколку чаши топла вода може да ги ублажи менструалните грчеви, бидејќи топлината на водата ќе го намали спазмот на стомачните мускули.