Чувство на надуеност, киселини, болка во стомакот се дел од симптомите за чир на желудникот.
Сите чувствуваме болка во стомакот одвреме-навреме, но тоа најчесто не е ништо сериозно.
Причините можат да бидат внесување премногу храна, консумирање нешто што не ни одговара или само стресен ден на работа.
Но понекогаш болката во стомакот може да биде симптом за нешто посериозно, како што е чирот на желудник.
Што е чир на желудник?
Чир на желудникот, исто така познат како пептичен улкус, е оштетување на слузокожата на желудникот или дванаесетпалечното црево (дуоденумот), првиот дел од тенкото црево.
Чир на желудникот се јавува кога дигестивните киселини ги оштетуваат ѕидовите на желудникот или дуоденумот.
Еве кои се симптомите за чир на желудник:
Болка во стомакот
Најчестиот симптом за чир на желудникот е болка како нешто да ве гори во стомакот. Таа трае од неколку минути до неколку часови и се појавува во период од неколку денови или седмици.
Започнува помеѓу оброците или додека спиете и накратко престанува ако земате аналгетици.
Чувство на полност
Чувството дека сте полни, проследено со надуеност, може да биде симптом за чир на желудник.
Нетолеранција кон масни намирници
Ако имате чир на желудник нема да можете да јадете масна храна без да чувствувате непријатност.
Киселини
Ако имате честа појава на киселини и траат долго, треба да го посетите вашиот доктор.
Мачнина/ повраќање
Иако се поретки, и мачнината и повраќањето може да бидат симптоми за чир на желудникот.
Слаб апетит
Со болката во стомакот и непријатноста, вашиот апетит може да се менува во зависност од нивната појава.
Ненамерно слабеење
Ако ненадејно слабеете, а не држите диета, консултирајте се со докторот.
Други симптоми
И другите помалку чести симптоми не треба да бидат занемарени како што се: повраќање крв, чувство на слабост, проблеми со дишењето, темна крв во столицата или столица која е црна.
Дури и горенаведените симптоми да се слаби, може да имате чир на желудникот, па затоа задолжително посетете го вашиот доктор. Без третман, вашата состојба ќе се влоши.