Ова се сите глумци во новиот Барби филм: Вака ќе изгледаат Дуа Липа, Хелен Мирен и други познати личности

popara5 април, 20231min00
o_28596539_1280

Иако во кината пристигнува веќе на 21 јули, речиси ништо не се знае за заплетот на филмот „Барби“ на Грета Гервиг. Сепак, веќе некое време се шпекулира дека Барби и Кен, кои ги играат Маргот Роби и Рајан Гослинг, нема да бидат единствените кукли кои ќе се појават во филмот, а гласините се покажаа точни. Имено, најновите постери ја открија целата актерска екипа на филмот, како и улогите кои ги играа, а меѓу нив се истакнаа неколку големи холивудски имиња. Ворнер Брос денеска објави и нов краток трејлер за филмот.

Симу Лиу, Кингсли Бен-Адир, Нкути Гатва и Скот Еванс ќе играат различни „Кен“ кукли, додека во улогите на „Барбики“ ќе ги видиме Дуа Липа, Ема Меки, Александра Шип, Кејт Мекинон, Хари Неф и други. Тука се и оскаровката Хелен Мирен како наратор, Вил Ферел како извршен директор на Мател, Мајкл Сера како пријателотот на Кен, Алан и „вистинските жени“ Америка Фереира и Аријана Гринблат. На сите филмски „Барбики“ на плакатите им се дадени наслови (на пример, Дуа Липа е сирената, Иса Рае претседател и Никол Кофлан дипломат), додека сите Кен кукли се едноставно Кеновци.

Иако се уште не се знае точно што ќе се случува во филмот, се шпекулира дека тој би можел да ги следи ликовите на Барби и Кен кои по грешка влегуваат во „реалниот свет“. Фотографиите од снимањето на кои Гослинг и Роби се облечени во розови ретро стајлинзи на плажата Венеција станаа вирални минатата година, а Маргот тогаш потврди дека снимале на неколку јавни локации во Лос Анџелес.

“Инаку, не можам да ви кажам колку бевме засрамени. Изгледаме како да се смееме и да се забавуваме, но умираме внатре. Ми изгледаше како најсрамниот момент во мојот живот”, му рекла Роби на Џими Фалон за фотографиите од сетот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma