Некои теми навистина треба да се забранат после секс.
Вистина е – со вистинскиот партнер нема и не би требало да има табу теми. Можете да ги споделите сите ваши мисли, проблеми и очекувања со г. Совршен.
Сепак, времето после секс не е најдобро за некои теми?
Физички маани
Ова е нечувствително, но и прилично грубо: ако не ви се допаѓа мажот и ви пречи некоја физичка карактеристика, зошто воопшто сте спиеле со него? А ако не ви пречело пред односот, сега дефинитивно не е време да почнете да се замарате за некоја физичка маана.
Големина
Само немојте! Никогаш! Дури и ако тоа е тема што навистина треба да ја отворите за да ја доведете вашата интимност и сексуалниот живот на посакуваното ниво, не правете го тоа веднаш по сексот.
Поранешни дечковци
Претходните љубовни искуства не се нешто кое треба да го криете или да се срамите, но … дали сте сигурни дека вистинското време за тоа е веднаш по водењето љубов? Без разлика дали сакате да го прочепкате неговото минато или да споделите свое искуство, оставете го тоа за друг пат.
Заедничка иднина
Ова е важна тема за секој пар, но моментите по интензивната страст не се вистинскиот момент да се отвори оваа тема. Има многу подобри моменти од оние во кои се чувствуваме опуштено и ранливо.
Тажни или мрачни приказни
Расипувањето на расположението со тажни приказни веднаш по сексот е прилично лош план. На крајот на краиштата, вашето тело со сета сила произведува ендорфин и време е да уживате во тоа.
Неуспеси и непријатни моменти
Мажот не треба да се потсетувате на неуспеси или обвинувања веднаш по сексуалниот однос. Да, блиските луѓе можат да зборуваат за многу работи без никаков срам, но се зависи од контекстот. Замислете: тој лежи гол и ранлив, а вие го боцкате со неговите неуспеси.
Болести
Ова не е време да зборувате за вашиот циститис, јачменот на десното око, вашиот нераздвижен колк или нешто друго. Тој е убеден дека ти си најдобрата и најпосакуваната жена на светот и нека живее малку во тоа убедување.