Откако ќе ја сместиме гардеробата во плакарите, по некое време го губи тој чист и свеж мирис, но еве трик и за тоа!
Поминуваме многу време барајќи го идеалниот омекнувач што ќе ја освежи нашата гардероба и ќе ѝ го даде мирисот што го сакаме. Сето тоа, за по неколку дена мирисот да исчезне како никогаш да не бил таму.
На жените особено не им се допаѓа кога гардеробата мириса, па… на гардероба, а не на свежина или на долго бараната арома.
Но, со овие трикови можете да заборавите на непријатните мириси.
Редовно чистење
Треба редовно, но и детално да го чистите вашиот гардеробер, за самата облека да остане чиста и да мириса свежо. Не заборавајте ги фиоките, тие се повалкани отколку што мислите! Прашината може да го влоши мирисот, затоа погрижете се целосно да ја отстраните.
Сува и чиста облека
Погрижете се облеката што е на ред за ставање на полиците и фиоките од вашиот плакар да биде секогаш целосно сува и чиста. Избегнувајте во плакарот да ставате работи кои се носени барем еднаш. Можете да ги оставите на страна и да ги облечете наскоро или да употребите некој освежувач за облека и дури потоа да ги вратите во друштво на останатиот дел од гардеробата.
Сода бикарбона
Понекогаш се чини дека сода бикарбоната е наменета за сите намени. Но, верувајте ми, во овој случај навистина ќе помогне. Истурете сода бикарбона во мал сад и ставете ја во аголот на вашиот плакар. Држете го садот отворен, а содата ќе ги неутрализира сите лоши мириси и ќе дозволи вашата облека да остане свежа.
Зрна кафе
Целите зрна кафе помагаат да се задржи секоја просторија без несакани мириси, вклучително и плакарите. Како и во претходниот случај, оставете отворен сад со зрна кафе во шкафот и оставете да ја направат својата магија.
Дрвени закачалки
Малкумина знаат дека ова е всушност многу важна ставка. Кога ќе ги замените пластичните со дрвени закачалки за алишта, тие ќе го апсорбираат секој мирис или влага што ќе навлезе на некое парче облека што сте го пропуштиле додека сте ја ределе сува облека.
Ова се дел од новите совети кои сигурно ќе ви помогнат, покрај добро познатиот метод со кесички со лаванда или други билки, пишува „lifeuncluttered.com“.