Ова се ТРИ МОЌНИ ПРОЛЕТНИ НАМИРНИЦИ КОИ ДАВААТ ЕНЕРГИЈА – Еве што треба да се најде на вашата трпеза во МАРТ

popara22 февруари, 20231min00
676

Купувањето и подготвувањето сезонско овошје и зеленчук богати со хранливи материи треба да стане месечна рутина за секое семејство.

Овошјето и зеленчукот е најдобро да се јадат во сезона, бидејќи тогаш се на врвот на свежината, најбогати со хранливи материи. За да ја олесните вашата неделна набавка, додајте ги нашите предлози во списокот за купување.

Март е време кога природата се буди и кога тезгите на пазарите изгледаат најпривлечно. Посебно доминантни се нијансите на зелена боја и затоа ги одбравме следните предлози:

Брокула

Според бројни студии, брокулата го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести со намалување на нивото на холестерол. Таа е одлична состојка во многу диети, што ја прави идеална пролетна намирница кога веќе се подготвуваме за лето.

Најдобро е благо да се обари и посоли брокулата и да се јаде како прилог со риба или некое месо, но можете да направите и вкусни крем супи.

Млад кромид

Оваа намирница особено ја препорачуваме на лицата со дијабетес, има силно антиоксидативно дејство бидејќи содржи витамини А и Ц. Ја забрзува синтезата на колаген, му помага на телото да го апсорбира калциумот, кој е основа за одржување на густината на коските. Малку е познато дека содржи и флуор кој ги зајакнува забите.

Киви

Кивито е полно со антиоксиданси и содржи повеќе витамин Ц од другите агруми, па затоа е идеално овошје за модерното време бидејќи ја ублажува нервозата и анксиозноста. Тој е одличен извор на калиум и растителни влакна. Луѓето кои се многу чувствителни на УВ зрачење треба да консумираат киви. Лутеинот од кивито (кое се содржи и во брокулата и спанаќот) делува како заштитен филтер од штетното зрачење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma