Ова се 4-те грешки кои не смеете да ги правите после секс!

popara4 април, 20231min00
676

Мали гестови или навики кои откриваат колку се грижите за личноста која лежи покрај вас во тој момент. Не треба да го правите ова:

Да одите до фрижидерот

Во принцип, жените се повеќе склони кон тоа. Фрижидерот е нивниот втор, но доследен љубовник. А тоа е грев кој е тешко да си го простат бидејќи најмногу се посветени на одржување на линијата. Трчањето до кујната другата личност може да го доживее како недостаток на интимност и продолжување со лични задоволства откако ќе се доживее заедничкото задоволство. Најдобро е кога и двајцата имате ист порив.

Да запалите цигара

Речиси идентично како и со фрижидерот. Само што со пушењето е уште поизразена потребата од некаков личен ритуал со кој другиот нема врска. Полесно е ако ја споделите, или наместо да пушите со внимателен поглед во далечината, прегрнете ја/го партнерката/партнетот, давајќи ѝ/му до знаење дека сè уште сте тука.

Да се вртите на другата страна

Не постои појасен начин да покажете дека повеќе не сте заинтересирани. Без разлика дали сте или не романтични, нежни, склони кон „наивно“ уживање во пар (гушкање, бакнување, галење), вртењето со грб укажува на недостаток на блискост и интерес за градење на истата. Сексот бил само епизода.

Да го земете мобилниот телефон

Што се случуваше во мојот свет во меѓувреме? Што пропуштив? Многу слично на вртење грб само за нијанса помалку ладно и непристојно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma