Овен Вилсон како познатиот ТВ сликар Боб Рос: Погледнете го трејлерот за филмот „Paint“

popara10 февруари, 20231min00
owen-wilson-paint-830x0

Поточно, тој го игра сликарот Карл Наргл, кој неодоливо потсетува на познатиот ТВ сликар

Објавен е првиот трејлер за филмот „Paint“ во кој Овен Вилсон го толкува ликот на сликарот Карл Нургл, кој неодоливо потсетува на познатиот ТВ сликар Боб Рос, пренесува „NME“.

Според синопсисот, Овен Вилсон го глуми Карл Наргл, сликар број 1 на јавната телевизија во Вермонт кој верува дека има сè… додека помлад, подобар уметник не украде сè (и сите) што Карл ги сака.

Режисер на ова остварување е Брит МекАдамс. Покрај Овен Вилсон, глумат и Микаела Воткинс, Венди Меклендон-Кови и Сиара Рене.

Филмот „Paint“ треба да се појави во кината на 28-ми април.

Погледнете го трејлерот:

Роберт Норман „Боб“ Рос (1942-1995) бил американски сликар, инструктор по уметност и телевизиски водител. Тој бил најпознат како креатор и водител на „Задоволството на сликањето“, наставна телевизиска програма која се емитувала од 1983 до 1994 година во САД, како и во Канада, Мексико и Европа.

Погледнете една од епизодите каде Боб Рос слика:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma