Некои експерти и многу тиктокери се колнат во оваа комбинација.
Медот и лукот со години се истакнуваат со нивните здравствени придобивки,па често се комбинираат за да го удвојат нивниот позитивен ефект врз болестите.
„Открив дека можете да го зајакнете имунитетот и да ги ублажите симптомите на грип со комбинација на лук и мед така што ќе ги оставите да „ферментираат“ заедно“,објасни блогерката Мекензи Вилер за “Good Morning America”.
„Кога лукот се ферментира,неговите придобивки се зголемуваат“, вели нутриционистот Рајан Стивенсон во интервју за Vogue.
Хаштагот #HoneyGarlic има 40 милиони прегледи на TikTok,а многумина покажуваат на социјалните мрежи како им помогнал да го зајакнат имунитетот за да не се разболат за време на празниците. Некои рекоа дека медот и лукот им го промениле животот и дека тоа е нивниот нов омилен микс.
Медот и лукот се најдобриот лек за настинка
Утврдено е дека медот има антиоксидантни,антимикробни,антиинфламаторни,антипролиферативни,антиканцерогени и антиметастатски ефекти,според Националната библиотека за медицина.Медот е познат како средство за сузбивање на кашлицата,а кога лукот се џвака или се дроби,тој произведува сулфурни соединенија како што е алиин,кој им помага на белите крвни зрнца да се борат против болестите.Исто така,произведува диалил дисулфид и s-алил цистеин,кои имаат антивирусни,антиинфламаторни и антигабични својства.
„Лукот – кој може да се зема суров,како додаток или ферментиран – исто така го зајакнува имунитетот за да се спречи или намали сериозноста на болестите,вклучително и настинката.Покрај лековитите својства на суровиот мед и лукот, природните пробиотски намирници,кои се одлични за здравјето на цревата, можат да помогнат“, изјави д-р Раџ Арора за Vogue.
Како да ги користите
Некои предлагаат ферментирање на мед и лук заедно за да се искористат сите здравствени придобивки.Велнес блогерката Вилер препорачува да ставите две до три излупени чешниња лук во тегла и да ги покриете со мед,а потоа промешајте. Затворете ја теглата лабаво за да избегнете зголемување на притисокот за време на ферментацијата – и ставете ја на ладно и суво место околу три до четири недели пред да почнете да ја користите,пишува New York Post.