Овие лоши навики носат тага и несреќа, променете ги што побрзо!

popara5 март, 20231min00
676 (1)

Сите понекогаш се чувствуваме тажно и несреќно, но треба да работиме на себе за тоа да не ни стане навика.

Ако ги исклучиме лошите околности и работи на кои апсолутно не можеме да влијаеме, треба само да погледнеме длабоко во себе и да ја откриеме причината за нашата несреќа. Многу психолози веруваат дека рецептот за успех лежи во менувањето на три особено лоши навики, со кои де факто ја саботираме нашата шанса да бидеме среќни. Во продолжение дознајте за кои навики станува збор.

Лелекање

Лелекањето е непријател на среќата. Без разлика на тоа колку задоволство чувствуваме кога „ќе исфрлиме се од себе“, тоа е само привремено задоволство кое брзо ќе биде заменето со очај. Нема ништо лошо во изразувањето на незадоволството ако тоа води до позитивна промена во однесувањето. Постојаното кукање без да се обидувате да промените нешто, од друга страна, само ќе доведе до поголема фрустрација и на крајот апатија.

Запоставување на себе

Мали се шансите да бидете среќни доколку не се грижите за себе. Како ќе уживате во животот ако не спиете доволно, не сте задоволни со вашата килажа и немате енергија да го завршите она што сте го го започнале? Пред да добиете шанса да бидете среќни, треба малку да ги засукате ракавите, да поработите на себе и да не дозволите повторно да ве обземе летаргијата и бесцелноста.

Прокрастинација

Одложувањето на обврските нема да биде добро за вашата благосостојба. Одложувањето е пред се многу стресно, бидејќи во моментите кога не го правиме она што треба да го правиме, не можеме ни вистински да се забавуваме. Кога на тој начин бегаме од одговорност и труд, во суштина стануваме психички послаба личност, која не е способна да се соочи со новите предизвици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma