Овие намирници прават да се потите повеќе: Избегнувајте ги во овие топли летни денови

popara10 јули, 20231min00

Потењето е дел од природната терморегулација на телото, но во лето може да биде и многу непријатна појава.

 

 

 

 

Врз интензитетот на потењето влијаат голем број фактори, меѓу кои и храната која ја консумирате. Па така, ако сакате да воспоставите нормално потење, треба да почнете со промени во исхраната.

 

Секако, никогаш не се обидувајте да го спречите целосно потењето бидејќи тоа не е ниту природно, ниту здраво.

 

Еве која храна влијае врз прекумерното потење:

 

Зачинета храна

Обожавате кари, чили, лук, копар, оригано и многу други зачини. Но, зачинетата храна предизвикува прекумерно потење бидејќи го забрзува метаболизмот.

 

Притоа, расте телесната температура во вашето тело и тоа почнува да си олеснува со зголемено лачење од потните жлезди.

 

Забрзаната работа на метаболизмот се должи на тоа што тој треба да работи понапорно за да ја искористи зачинетата храна.

 

Кафе

Кој би рекол дека омилениот утрински пијалак предизвикува прекумерно потење? Кафето содржи кофеин кој е стимулант и ја забрзува работата и на умот и на телото.

 

Така, имајте на ум дека ако многу се потите, а во исто време сте и страствен љубител на кафето, најверојатно ќе мора драстично да го намалите дневниот внес.

 

Влијанието врз потните жлезди малку ќе го намалите доколку кафето го пиете изладено.

 

Одредени видови овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот кои содржат сложени јаглехидрати и растителни влакна бараат и повеќе енергија за да бидат сварени во организмот. Ваквата енергија потекнува од метаболизмот кој мора понапорно да работи за да ги разложи овие хранливи состојки.

 

Исто така, намирниците богати со витамин Б го засилуваат потењето бидејќи самиот витамин благо ја покачува внатрешната телесна температура, па телото се бори со потење.

 

Внес на немасни протеини

Метаболизмот ги препознава немасните протеини како растителни влакна и се однесува исто така и при нивно разложување.

 

Како што веќе споменавме погоре, на телото му е потребно да вложи повеќе енергија за да ги свари овие состојки, па така може зачестено да се потите.

 

Во категоријата на немасни протеини спаѓаат протеините кои потекнуваат од пилешкото и мисиркиното месо и рибата.

 

Алкохол

Кога пиете алкохол, крвните садови се прошируваат, а исто така и порите. Поради ова, потта има послободен излез кон надворешниот слој на вашата кожа. Избегнувајте да пиете алкохол ако знаете дека прекумерно се потите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma