Овие пет вообичаени намирници ќе ви ја уништат кожата и тенот

popara9 октомври, 20231min00
Вообичаени намирници кои ви ја уништуваат кожата и тенот

Веројатно сте ја слушнале старата изрека:„Ти си тоа што го јадеш“. Иако, како и сè друго, не може да се сфати буквално, важно е да се разбере дека сè што јадеме,било да е тоа здрави сокови или брза храна,влијае на нашето тело на различни начини.

Обрнете внимание на следните намирници,можеби го уништувате најголемиот орган без да го знаете, пишува Your Tango.

Млечни производи
Поголемиот дел од млекото што го користиме доаѓа од крави кои се одгледуваат за молзење и кои,поради начинот на одгледување,имаат високо ниво на хормонот прогестерон,фактор на раст сличен на инсулин,како и други хормони кои човечкото тело ги конвертира на дихидротестостерон.Тоа е,пак,хормон кој може да ја забрза работата на лојните жлезди и да предизвика акни кај чувствителните луѓе,објаснува дерматологот Ципора Шајнхаус.

Ако се чини дека млечните производи не помагаат да ја одржите вашата кожа блескава и чиста,обидете се да пиете ориз или бадемово млеко наместо млеко неколку недели.

Слатки
Бројни студии покажуваат дека шеќерот и едноставните јаглехидрати се поврзани со појавата на акни.

Кофеинот
Шолја или две кафе секој ден нема да наштети премногу,но нешто повеќе од тоа,особено ако пиете енергетски пијалоци, чоколадо или други пијалоци со кофеин може да доведе до предвремено стареење на кожата.

Ако консумирате многу кофеин и се борите со брчките можеби е време да почнете да се држите подалеку од кофеинот.

Солени грицки
Ако не го контролирате внесот на сол,вашето лице може да стане подуено,а може да добиете и ќесички под очите поради задржување на водата.

Сува кожа која пука или претерано мрсна кожа.Ова се сите начини на кои вашето тело ви кажува дека е доста и дека кожата е дехидрирана.

Алкохол
Алкохолот ја дехидрира кожата.Премногу алкохол ќе предизвика кожата да не ги добива потребните витамини и хранливи материи.Но и тоа не е се.Опуштена кожа,преголеми пори,промена на бојата,брчки,недостаток на еластичност.Ова се нешта кои би можеле да ги забележите доколку продолжите да пиете премногу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma