ОВИЕ ПРАВИЛА ЗА ОБЛЕКУВАЊЕ Ќе ви помогнат да изгледате попривлечно

popara16 септември, 20231min00
Screenshot_8

Во потрага сте по момче или едноставно сакате да изгледате најдобро што можете? Без разлика која е вашата причина, сигурно ќе ве интересираат информациите за модните парчиња облека во кои секогаш ќе изгледате привлечно. Најверојатно веќе и самите сте го забележале „магичното“ влијание на одредени парчиња облека кои веднаш ви носат еден куп комплименти, а сега и експертите потврдија дека тоа е вистина. Секако, најважно е да се чувствувате пријатно во она што го носите, бидејќи тогаш најмногу зрачите и имајќи го тоа на ум, погледнете што секогаш треба да вклучувате во вашите модни комбинации…

 

 

 

  1. Високи потпетици

Колку се потпетиците повисоки, толку е жената попривлечна. Ова го покажало истражувањето кое било објавено во списанието Архиви на сексуално однесување (Archives of Sexual Behavior). Секако, тоа не значи дека треба да се мачите на потпетици од 15 сантиметри, туку доволни ќе ви бидат и оние со нормална висина, како на пример, од 10 сантиметри. Најважно од сѐ е да умеете да чекорите во нив и да зрачите со самодоверба. Тогаш единствен проблем ќе ви биде како да се справите со сите додворувачи.

 

  1. Црвен фустан

Ни ова не е никаква новост, но науката сега официјално потврди дека мажите тешко ќе ѝ одолеат на жената која носи нешто црвено. Особено ако станува збор за фустан…

 

  1. Црн фустан

Во ред, за „волшебното“ дејство на ова парче облека врз мажите можеби и не постојат некои научни докази, но малиот црн фустан многупати се докажа како најдобар рецепт за привлекување погледи. Па, сигурно не сте мислеле дека е класика без причина?

 

  1. Голи рамена

Мислевте дека мажите најмногу се возбудуваат на длабоко деколте или на голи нозе? Не сте во право! Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот Њу Саут Вејлс покажало дека мажите всушност многу ги привлекуваат женските раце и рамена. За среќа, голите рамена и понатаму се еден од водечките трендови за оваа сезона, па можете истовремено да изгледате и секси и да бидете во тренд.

 

  1. Тесни фустани

Холандските научници откриле дека мажите и понатаму најмногу ги привлекува женската силуета во облик на песочен часовник, а најдобро парче облека за нејзино истакнување дефинитивно се тесните фустани. Се работи за супер тесен модел кој ги истакнува женствените облини. Водечки претставнички на овој тренд се сестрите Кардашијан-Џенер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag