Холивудскиот актер Џона Хил, кој се прослави со улогата на корумпиран брокер во филмот „Wolf of Wall Street“, влегува во нова фаза од животот. Ослабе дваесет килограми, се вери и го чека првото дете. А сето тоа го покажаа новите фотографии на кои непрепознатлив Хил со долга брада сурфа на плажа во Малибу, додека неговата свршеница Оливија Милар купува книги во една од продавниците во Брентвуд. На фотографиите, покрај поголемиот труднички стомак сокриен под фармерките, убаво се гледаше и голем дијамантски прстен. Иако никогаш јавно не проговорил за врската со Оливија Милар, косопственик на онлајн продавницата „Chasseresse“, како и за која било негова врска, работите се повеќе од јасни. Нивната љубов започна минатата пролет, живеат заедно во неговата куќа во Малибу и очигледно не им требаше многу време за да решат да основаат семејство.
Пред Оливија, комичарот, актерот и режисерот имаше прилично турбулентен љубовен живот. Меѓу другите, се забавуваше со уметницата Ерин Галперн, Али Хофман, ќерката на Дастин Хофман, пејачката Рита Ора… а една година беше свршен со стилистката Џана Сантос.
Иако никогаш не го коментира својот љубовен живот и партнерите, тој отворено зборуваше за борбата со вишокот килограми и депресијата.
„Поголемиот дел од моето детство го поминав слушајќи колку сум дебел и непривлечен. И дури во последните четири години, кога го пишував и го подготвував мојот филм „Mid90s“, почнав да сфаќам колку тоа всушност ме боли. Бев како сопствен херој на 14-годишното момче со прекумерна тежина, кое сакаше да се вклопи во друштво на хип-хопери и скејтери, а јас се чувствував непосакуван и секогаш бев на страна“, изјави тој во шоуто на Елен Деџенерис.
Но, и покрај неговите внатрешни борби, неговата кариера е во нагорна линија. За неговите улоги во филмовите „Wolf of Wall Street“ и „Moneyball“, тој беше номиниран за Оскар, како и за бројни други филмски награди – освои неколку од нив, а ниту една може да се спореди со среќата што моментално ја ужива во приватниот живот.