Овие трикови ги знае секој продавач, но може да ве измами за да ги продаде сите: Еве како да ја изберете најдобрата лубеница

popara22 јуни, 20231min00
4b15df9ebf331897856be50eb259de3ded11262a

Ако не знаеме да избереме добра и зрела лубеница, остануваме осудени продавачот да ни каже дека таа што ја зграпчивме е одлична, бидејќи сака да продаде сè, и слатко и кисело, и зрело и незрело.

Сите сакаме да се правиме паметни, и стручно да ги испитуваме лубениците кога ги купуваме, а продавачот за секунда сигурно ќе препознае неук купувач од оној што знае што прави.

Овие три трикови ќе ве направат експерти и непогрешливо ќе ви откријат дали лубеницата е зрела и слатка:

1. Прво треба да одредите дали лубеницата е зрела. Ако пожолтела од едната страна значи дека е. На тоа место често има некаква пукнатина, бидејќи тоа е местото каде што се потпирала на земја, а ако таму не е жолто, тоа значи дека е прерано собрано. Земјоделците сакаат да ги берат порано, бидејќи на тој начин имаат повеќе време да ги продадат. Ако се берат кога се созреани, мора брзо да се изедат или ќе се расипат.

2. Погледнете дали има кафени „лузни“ налик на мрежа. Кога пчелите го опрашуваат цветот на лубеницата, тие ја оштетуваат мембраната и тоа ги создава мрежите, подоцна кога ќе порасне лубеницата. Колку повеќе опрашување, толку е послатка лубеницата.

3. Црните точки и кругови на кората не значат дека ги направиле инсекти, ниту дека лубеницата скапува, туку дека има многу шеќер, односно дека е слатка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag