Доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми,тогаш секојдневно треба да консумирате храна која ќе ви помогне во тоа.Така барем велат експертите,кои врз основа на различни истражувања утврдиле три групи најважни намирници кои гарантираат успех во слабеењето.
1. Зеленчук
Мора да биде најмногу застапен во вашиот ручек.Зеленчукот му обезбедува на организмот есенцијални витамини,минерали и фитохемикалии,соединенија кои се борат со разни болести во човечкото тело.Зеленчукот со висока содржина на влакна како брокула,бриселско зелје,спанаќ,грашок,пченка,леќа и кељ дополнително ќе ви помогнат да изгубите тежина,па вклучете ги во вашето дневно мени.
2. Посни протеини
Пилешко,мисирка,телешко и говедско месо,јајца,лосос,бакалар и туна –овие посни протеини ќе ве држат сити подолго време, за разлика од јаглехидратите и заситените масти,по што чувството на глад брзо се враќа.
3. Цели житарки
Не мора да се откажете од лебот, само треба да го замените белиот леб со леб од цело зрно. Имено, многу истражувања потврдиле дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции интегрални житарки дневно имаат околу 2,4 отсто помалку маснотии во телото и 3,6 отсто помалку масти во стомакот од луѓето кои воопшто не ги јадат.
Едно парче леб од цело зрно е еднакво на една порција, така што можете да изедете еден сендвич за ручек. Дополнителен извор на цели зрна може да биде овес,булгур, киноа или кафеав ориз.