Некои предмети носат добри вибрации и шират позитивна енергија, а некои се неопходни да ги имате во вашиот дом, а и практични. Кога станува збор за спалната соба, треба да ги набавите овие предмети што е можно поскоро, бидејќи се верува дека ќе донесат среќа во вашиот дом и успех на сите полиња.
1. Кревет со максимална големина 200×150 cm
Избегнувајте таканаречени king-size кревети, односно душеци, бидејќи внесуваат раздор во спалната соба. На толку голем кревет се одвојувате од партнерот и го намалувате заедништвото.
2. Две маси покрај креветот
Тие не мора да бидат исти, но дефинитивно треба да имате две, без разлика дали имате партнер или не. Важно е да имате таков слободен простор до вашата глава, бидејќи на тој начин ја пренесувате желбата да создадете балансирано партнерство, сегашно или идно.
3. Црн дневник или тетратка и црвено пенкало
Со запишување на вашите мисли и обврски, вие создавате ред во вашиот живот, а запишувањето на вашите соништа ќе ве инспирира да направите позитивни промени во вашето секојдневие. Црната боја симболизира знаење и мудрост, додека црвената ве штити и ги буди вашите мисли.