Сосема е нормално шеќерот во крвта да ви се зголемува откако ќе јадете или пиете нешто, но здравствените експерти предупредуваат дека честите скокови на шеќерот во крвта може да го зголемат ризикот од развој на срцеви заболувања.
„Управувањето со шеќерот во крвта е важно, без разлика дали имате дијабетес. Наглите скокови и падови на шеќерот во крвта може да доведат до глад и прејадување, но и до формирање на наслаги во крвните садови и, следствено, зголемен ризик од срцеви заболувања.
Не постои пијалок кој може да го намали нивото на шеќер во крвта,но има и такви кои резултираат со побавно и постабилно зголемување и опаѓање на шеќерот во крвта. Овие се:
-Вода
-Зелен чај
-Кравјо млеко
-Кафе
Од друга страна, некои пијалоци е подобро да се избегнуваат.Лекарите советуваат да се минимизира внесот на слатки газирани пијалоци,овошни сокови,енергетски пијалоци, спортски пијалоци,
млеко со вкус, кафе со вкус, топло чоколадо и ладен чај.