
Некогаш имаме пеперутки во стомакот, но некогаш тие повеќе се во нашата имагинација
Како да не е доволно комплицирано да се најде партнер, понекогаш и сами се наговараме на љубов кога неа навистина ја нема.
Сепак, овие три чувства се тука за да не збунат. Еве како да ги препознаете, открива „Brigitte.de“.
- Симпатизирање или заљубеност
Ова може да биде доста измамливо и често за „очите на нашето срце“ се брише границата помеѓу љубовта, заљубеноста и симпатизирањето.
На пример, кога ќе сретнеме некој кој има иста смисла за хумор, цели или желби како нас, свесни сме дека во прашање е поклопување на две лица. Ова често нè наведува да помислиме дека „мора да е љубов“, но што ако не е? Постои шанса едноставно добро да се сложувате со некоја нова личност и всушност да ви „се допадне“ тоа што со некој делите исто мислење.
- Осаменост
Самотијата е нешто што некому може многу тешко да му падне, а понекогаш и лицето да не е свесно за тоа.
Кога имаме претстави на љубов околу нас, кога се чувствуваме како „вишок“ меѓу паровите, па дури и кога ќе видите „плус една личност“ на поканата, може да добиете впечаток дека навистина треба да имате партнер покрај себе. Но, тоа всушност не е така, иако веројатно е потешко да се прифати тој соло живот.
Многу е веројатно дека ќе развиете чувства кон некоја личност, само затоа што сакате да имате некој покрај себе. Но, тоа ќе се покаже, бидејќи љубовта не може да се форсира.

- Заљубени во тоа да се биде заљубен
Ова може да биде и комбинација од претходните две чувства.
Ако обожавате романтика и фантазирате да поминувате време со партнерот на убави видиковци, да се држите за раце додека го гледате зајдисонцето на плажа и слично, тогаш постои шанса да сте „заљубени“ во некого поради фантазијата.