Освен што на организмот му ги обезбедува потребните антиоксиданси, витамини и минерали, овошјето помага и во елиминацијата на отпадните материи кои ги оптоваруваат органите и крвотокот…
Лимонот, кивито и авокадото се особено добри за детоксикација на црниот дроб и крвните садови.
Кивито се смета за еден од најдобрите извори на витамин Ц, а ова овошје може да се пофали со уште 20 други хранливи материи, вклучувајќи ги витамините Е и К, калиум и фолна киселина, а богато е и со растителни влакна.
Исто како и кивито, лимонот е одличен извор на најмоќниот антиоксиданс – витаминот Ц. И покрај киселиот вкус, лимонот всушност го алкализира човечкото тело, што е исклучително корисно за здравјето.
Омиленото овошје на Ацтеките, авокадото, е богато со здрави масни киселини, што го прави една од најдобрите намирници за здравјето на срцето и крвните садови. Богат е и со калиум, а содржи повеќе калиум од бананата.
Напиток од киви
Состојки:
3 киви
авокадо
лимон
10-15 листови свежо нане
250 мл вода
Подготовка:
Излупете ги кивито и авокадото и исечете ги на парчиња. Ставете се во блендер и додадете свежо исцеден сок од лимон и 10-15 листови свежо нане. Истурете вода и измешајте сè заедно.
Овој напиток пијте го на празен стомак секое утро две недели.