ОВОЈ ЗДРАВ СОК И ДАВА НА КОЖАТА СЈАЈ И ГИ НАМАЛУВА БРЧКИТЕ: „Јас користам само една намирница и го козумирам секое утро пред појадок“

popara13 септември, 20231min00
ЗДРАВ СОК КОЈ И ДАВА НА КОЖАТА СЈАЈ И ГИ НАМАЛУВА БРЧКИТЕ

Инфлуенсерката Јури Ли од Калифорнија истакнува дека скапите креми и третмани не се неопходни за здрава и сјајна кожа и дека нејзината тајна лежи во само еден зеленчук.

Таа на социјалните мрежи сподели видео во кое советува дека сите можеме да направиме нешто едноставно за себе и за својата кожа,а таа тоа го прави секое утро.За изедначен и блескав тен,таа вели дека пие сок од целер што сама го прави. Потребни ви се само 2-3 стебленца целер,а сокот можете да го направите во соковник или блендер.

Сокот од целер,како што нагласи таа,содржи бројни хранливи материи кои ја зголемуваат хидратацијата на кожата,а внатрешната хидратација на кожата е подеднакво важна како и надворешната хидратација на кожата,истакна таа.Овој пијалок има и исклучителни својства за детоксикација,прави чуда за нашето варење и може да ја намали надуеноста.Освен брчките, сокот од целер го намалува воспалението на кожата,а Јури го пие на празен стомак, пред појадок и кафе.

Поради многубројните витамини, целерот се смета за суперхрана. Содржи антиоксиданси и полисахариди за кои е познато дека имаат антиинфламаторно дејство, особено флавоноидни и полифенолни антиоксиданти. Исто така, ако редовно ги јадеме овие здрави зеленчуци, обезбедуваме посилен имунитет и подобро здравје.

Целерот ги намалува симптомите на воспаление, вклучувајќи болки во зглобовите (како артритис), синдром на нервозно дебело црево, гихт, инфекции на бубрезите и црниот дроб, проблеми со кожата, помага при искашлување, па е идеален за зимските месеци. Добар е и за намалување на крвниот притисок, го штити видот и го забрзува метаболизмот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma