ОВОЈ МИРИС ГИ БРКА КОМАРЦИТЕ! Пред летото почнете да го користите ОВА и ќе се ослободите од нив

popara12 мај, 20231min00
435627_komarac-ap_f

Можеби е рано да се борите со комарците, но пред лето треба да почнете да користите сапуни, масла и лосиони со мирис на кокос бидејќи мирисот ги одбива!

– Кога користиме сапуни со цветни и овошни мириси, ги привлекуваме комарците не само со природниот мирис на нашата кожа, туку истовремено со мирисот на цвеќиња. Тоа би било како да се разбудите од мирисот на кафе и мафини. Многу привлечно – објасни д-р Клеман Виноџ, кој го водел истражувањето на Политехничкиот институт на Универзитетот во Вирџинија.

Истражувањата покажале дека ефектите на сапунот варираат од личност до личност, веројатно поради интеракцијата помеѓу сапунот и уникатниот мирисен профил на секоја личност.

– Неверојатно е дека истата личност која е исклучително привлечна за комарците кога не се капе со сапун станува уште попривлечна ако користи еден вид сапун, а потоа станува одбивна ако се измие со друг вид – истакна Виноџ.

Научниците заклучија дека изборот на сапун делумно може да објасни зошто некои луѓе се магнети за комарци, додека други поминуваат без ниту еден убод.

Комарците навистина „сакаат“ некои луѓе, а истражувачите од Американското здружение за контрола на овие инсекти тоа научно го објаснија.

– Нема сомнеж дека поединците им се попривлечни на комарците поради хемикалиите што ги лачат, како и поради нивната посебна кожна флора – вели американскиот ентомолог Џозеф М. Конлон за Тајм.

Со својот тим, тој издвоил четири групи на луѓе на кои комарците не можат да им одолеат – бремени жени, спортисти и оние кои вежбаат, луѓе кои сакаат да се напијат една или две чашки и оние со нулта крвна група.