Порано на тронот беа „skinny“ фармерки, без кои било каква модерна облека беше незамислива.
Иако тесните фармерки сè уште се незаменливи и најдобро се комбинираат со чизми во зима, од пред неколку години на модната сцена се вратија поудобните фармерки со широк крој, како и фармерките во форма на ѕвонче.
Неодамна манекенката Кендал Џенер беше фотографирана во совршен модел на фармерки. Темните фармерки кои ги носеше имаа одличен крој – длабок струк кој визуелно ги издолжува нозете, а долниот дел од ногавиците малку е проширен и стигнува до глуждот.
Кога би требало да го избереме најдобриот модел на фармерки, тогаш тој дефинитивно би бил овој, а можете да го најдете во која било продавница за „street“ мода.
Со оглед на тоа што ѕвонарките најдобро им стојат на високите девојки, моделот што го покажа Кендал Џенер е златната средина, па затоа ќе им изгледа одлично на многу жени.