ОВОЈ ПИЈАЛОК ВЛИЈАЕ НА ИЗГЛЕДОТ НА КОЖАТА! Доколку редовно го пиете, кажете му збогум на младешкиот изглед

popara13 февруари, 20231min00
125522_bore_f

Д-р Елиса Епел предупредува дека редовното консумирање на газирани пијалоци влијае на стареењето.

Иако кремите против стареење и другите трикови против стареење можат да помогнат, тоа всушност е нешто што треба да го избегнувате доколку не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки.

Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалок од кој стареете многу побрзо, а ако се откажете од него, можете да си помогнете да го забавите предвременото стареење.

Нема полош пијалок од зашеќерените газирани сокови

Не само што пиењето на овие пијалоци носи поголем ризик од зголемување на телесната тежина и одредени болести, истражувањата покажуваат дека тие дури и можат да влијаат на телото на клеточно ниво. Сето ова придонесува за нездраво, побрзо стареење, пишува „Eatthis“.

– Редовното консумирање на газирани сокови засладени со шеќер може да ве изложи на ризик од разни болести како што се дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе. А бидејќи ризикот од овие болести се зголемува како што старееме, консумирањето премногу шеќер секако не помага – вели д-р Ејми Гудсон.

– Редовното пиење на засладени газирани пијалоци може да влијае на развојот на болест, не само со напрегање на метаболичката контрола на шеќерот во телото, туку и преку забрзано клеточно стареење на ткивата – објасни вишиот автор на студијата, д-р Елиса Епел, професор по психијатрија на „UCSF“, во соопштението.

– Ова е прва демонстрација дека газираните сокови се поврзани со краткотрајноста на теломерите (делови на краевите на хромозомите кои се скратуваат за време на клеточната делба). Овој резултат се одржува без оглед на возраста, расата, приходот и нивото на образование. Скратувањето на теломерите започнува многу пред почетокот на болеста – заклучи таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma