Како што стареете, почнувате се повеќе и повеќе да размислувате за ефектите на алкохолот врз вашето здравје. Постојат неколку алкохолни пијалоци кои треба да се избегнуваат бидејќи лошо делуваат на срцето
На прво место е румот помешан со газиран сок. Во интервју за списанието „Eat This, Not That“, д-р Лиза Јанг вели дека всушност секој алкохолен пијалок во комбинација со газирани пијалоци е нездрав за срцето.
Едно истражување неодамна објавено во списанието „Journal of the American College of Cardiology“ покажало дека оние кои редовно консумираат газирани пијалоци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.
Уште еден пијалок што треба да се избегнува е Пина Коладата.
„Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти“, рече д-р Јанг.
Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, што доведува до компликации на срцето.
Друг нездрав пијалок е ледениот коктел Лонг Ајленд бидејќи е богат со шеќер и калории.
„Содржи алкохол, сируп, газиран сок и уште неколку слатко-кисели состојки кои се штетни за срцето“, вели таа.
Овој коктел е вкусен и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.