Често може да се видат огледала како стојат на влезните врати од гардеробите во спалните соби, за луѓето да се гледаат додека се облекуваат, а се свртени кон креветот, но за среќа во куќата совет е да ги оддалечите од таму.
Имено, според правилата на древната кинеска уметност на фенг шуи, не е добро огледалото да е свртено кон креветот, ниту тоа да стои над креветот и да го одразува креветот.
Вака поставено огледало може да биде виновник за лошиот сон, но и проблемите во бракот, тврдат овие експерти. Како што наведуваат, ваквата положба на огледалото поттикнува создавање активност, а на спалната и е потребна токму спротивната енергија – мир и тишина.
Според фенг шуи, огледалото свртено кон креветот исто така поканува трето лице во вашата врска и поттикнува изневерување.
Идеалната опција би била овој предмет воопшто да не се наоѓа во вашата спална соба или барем да биде од внатрешната страна на плакарот. Можете да го ставите и на друго место во собата, но да не е свртен кон правец на креветот.
Доколку немате можност да го поместите огледалото, се препорачува да го покриете со крпа навечер.