Овој производ од 50 денари ги избелува завесите и крпите, ја чисти бањата и го смирува црвенилото на кожата

popara2 август, 20231min00
zavese-750x430

Белите синтетички материјали, како и памукот, се чувствителни на готвењето, сонцето, прашината или пушењето во домот, па со текот на времето стануваат сиви.

Сигурно сте пробале многу средства за да ја вратите белината на вашите завеси. Но, сончевото зрачење, готвењето или евентуалното пушење во домот се фактори кои влијаат на ткаенината да посиви, а стандардните детергенти не помагаат.

Постои едноставен трик со кој вашите завеси повторно ќе заблескаат во снежно-бела боја.

Доволен ви е само оцет, и тоа алкохолен.

Во машината заедно со завесите, во барабанот, ставете половина чаша бел алкохолен оцет, а врз тоа стандардниот детергент што го користите. Тие ќе излезат целосно бело. На ист начин, можете да избелите сиви крпи, постелнина или чаршафи.

Не грижете се за мирисот, тој целосно ќе исчезне за време на перењето, пишува „Good Housekeeping“. Освен тоа, оцетот е и природен омекнувач кој ќе ги направи вашите алишта уште помеки.

Еве уште 14 одлични трикови со оцет кои ќе ви го олеснат животот:

  1. Ги дезинфицира шишињата за бебиња и го отстранува бигорот – Може да ги измиете бебешките шишиња во топла вода измешана со малку оцет и потоа да ги исплакнете во топла вода. Тоа ќе биде доволно за да се дезинфицираат. Кога ги варите, особено ако живеете во област со тврда вода, задолжително додадете оцет во водата. Шишињата ќе бидат сјајни и чисти, а нема да има бигор. Потоа само повторно исплакнете.
  2. Пред да ги бојадисате ѕидовите, избришете ги вратите, ѕидовите и мебелот со крпа натопена со малку оцет. Ова ќе помогне да се отстранат остатоците од старата боја, но и да се олесни чистењето на мебелот по бојадисувањето.
  3. Освежете го и отпушете го одводот – Истурете чаша сода бикарбона во одводот, додадете шолја оцет. Оставете да се пени и истурете две чаши топла вода.
  4. Отстранува птичји измет – Попрскајте го местото извалкано со птичји измет со оцет, оставете го да отстои една минута и само избришете го.
  5. За маринада – Малку оцет во маринадата ќе ги омекне и најтврдите парчиња месо.
  6. Отстранува црвенило – Натопете памук во мешавина од оцет и вода и натапкајте ги воспалените места на лицето. Резултатите ќе ги видите многу брзо.
  7. Го смирува црвенилото на бебешкиот задник – Додајте неколку лажички оцет во водата во која го капете бебето. Ова ќе го смири црвенилото.
  8. Ги чисти очилата – Оцетот ќе ги отстрани и најлошите дамки.
  9. Чисти четки за заби – Оставете ги четките за заби неколку часа во оцет и добро исплакнете со топла вода. Ова ќе ги исчисти и дезинфицира.
  10. Го отстранува мирисот на храна од вашите раце – Мирисот на лук, риба или месо можете да го отстраните така што ќе ги измиете рацете со сапун и вода, потоа ќе ги исплакнете со малку оцет и на крајот ќе ги исплакнете со млака вода.
  11. Ги отстранува етикетите – Испрскајте ја лепливата етикета со оцет и излупете ја со прстот.
  12. Ја чисти микробрановата печка – Во чаша ставете 1/4 оцет и 3/4 вода. Ставете на висока температура пет минути, а потоа само избришете ја микробрановата со крпа.
  13. Исчистете ја ВЦ школката – Додадете оцет во неа, оставете да отстои пет минути и исчистете ја со четка за тоалет.
  14. Ги освежува смрдливите патики – натопете ги влошките во оцет и топла вода неколку часа. Оставете да се исушат.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag