Овој трик спречува настанување на ДАМКИ ОД ПУДРА на облеката – Ќе ви треба само ЕДНА РАБОТА

popara10 мај, 20231min00
676

Некогаш поради брзината, а некогаш поради тоа што не размислуваме премногу, на облеката ќе се најде по некоја дамка, најчесто околу вратот. Девојките најдобро ја разбираат оваа мака кога пудрата ќе им се најде на белата маица.

За среќа, ваквите дамки лесно се спречуваат со помош на малку лак за коса, советува една корисничка на „TikTok“ – @sophiainstaglam која го сними овој едноставен трик.

„Утрото кога ова видео излезе на TikTok, планирав монохроматска бела облека за тој ден. Со оглед на тоа дека имав планирано ручек во градот, секако дека во тој случај ми требаше и малку шминка. Со оглед на тоа што најчесто носам парчиња во беж, бела и светло сива нијанса, слободно може да се каже дека сум одличен репер за тестирање на ефикасноста на овој трик. Морам да бидам искрена и да кажам дека бев малку скептична дека лак за коса може да направи таква работа за да заштити од течните текстури како пудра и целосно да ја заштити облеката од дамки.“ – вели таа, и продолжува:

„Сепак, решив да го пробам, бидејќи на крајот – не ме чини ништо затоа што секако имам лак за коса дома. Зедов нова бела маичка со висока јака, испрскав и однадвор и одвнатре и почекав неколку секунди. Потоа, се разбира сè уште скептично, ја облеков маицата и си ги извршував обврските за тој ден.“

„Признавам, во текот на денот се грижев малку бронзер од вратот да не ми се отслика на маицата, но секогаш кога ја проверував внатрешноста, немаше ништо. Сепак, за вистински резултати, чекав додека не стигнам до станот и ја видов вистинската ситуација по цел ден поминат надвор. Немаше апсолутно ништо на јаката. Кошулата остана бела од внатрешната и надворешната страна како и средината и долната страна. Овој генијален трик го споделив со една пријателка која беше очигледно заинтересирана да го проба и отсега топло го препорачувам на сите кои често се среќавале со ваков тип на дамки на облеката.“

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma