Кој хороскопски знак е најсуров? Иако се емотивни, Раковите можат да бидат и мраз ладни.
Немојте да се изненадите ако Ракот со кој имате работа одеднаш од најслатката личност на светот стане најсурова.
Your Tango пишува дека Раковите намерно ќе повредат некого и за тоа нема да почувствуваат ни најмало каење. Тие се подготвени да одвојат дел од денот, без разлика колку им е бурен распоредот, за да внесат хаос во туѓиот живот.
Ако се дружите со Раковите, нивното однесување повремено ќе ве натера да се чувствувате како да го губите разумот. Ќе поминете многу време прашувајќи се што сте направиле што ги натерало да се однесуваат толку ладно кон вас. Запомнете, ништо што сте им направиле не ја оправдува таквата суровост.
Раковите се сурови бидејќи се чудни и склони кон промени во расположението. Најчесто изгледаат како грижливи луѓе полни со љубов со кои е лесно да се дружите, но доколку заклучат дека на некој начин сте ги изневериле, ќе направат се за да ви го загорчат животот.
Кога станува збор за изразување на емоции, тие се многу воздржани.