Сега кога пристигна летото, сите бараме да ја средиме нашата линија што е можно поскоро. Доколку навреме започнете со редовен тренинг и здрава исхрана, веројатно нема да ги имате овие проблеми, но доколку некако доцните, ова е вистинскиот пијалок за вас.
Овој антицелулитен шејк треба да го пиете секое утро неколку дена, а потоа да направите пауза. Ќе ви даде енергија, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи од вишокот вода и ќе ги омекне „дупчињата“ на нозете.
Состојки:
– вода
– една рака спанаќ
– половина банана
– половина портокал
– неколку кругови ананас
– малку цимет
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете пијалок. Спанаќот е одличен извор на железо и влакна, го подобрува варењето и на тој начин ги исфрла сите токсини од вашето тело. Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданси и е добар за сјајна кожа.
Диуретските својства на ананасот ќе помогнат во борбата против задржувањето на течности во телото, тој содржи антиоксиданси кои прават кожата да изгледа здраво и затегнато.
Бананите се полни со калиум и се добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Помагаат и против задржување на течности во телото.