ОВОЈ ЈОГУРТ Е НАЈЗДРАВ! Го има во секоја продавница, а многумина го избегнуваат

popara10 март, 20231min00
395913_mleko-jogurt_f

Полномасниот јогурт е поздрав бидејќи содржи помалку шеќер.

Јогуртот и кефирот се меѓу најздравите намирници, но не е сеедно кој ќе го купите, исто како кога станува збор за сурутката. Постојат видови кои се добри за здравјето, а и онакви кои треба да се избегнуваат бидејќи можат да го подигнат шеќерот во крвта, или едноставно го немаат ветеното благотворно дејство.

Постојат „безброј“ видови на овие млечни производи во продавниците, па можеби не сте сигурни кој да го набавите ако внимавате на вашата килажа или шеќерот во крвта. Нутриционистите сега објаснија на што треба да се обрне внимание.

– Луѓето се плашат од полномасниот јогурт поради содржината на заситени масти и ризикот од висок холестерол. Но, истражувањата за млечните производи не докажаа дефинитивно дека постојат докази дека полномасните млечни производи негативно влијаат на овие параметри – вели Рахаф ал Бочи, нутриционист.

Понекогаш полномасниот јогурт е поздрав бидејќи содржи помалку шеќер – јогуртот на кој му е „отстранета“маснотијата ќе мора да го компензира вкусот со шеќер.

Кога јадете полномасен јогурт, помала е веројатноста за зголемување на шеќерот во крвта. Но, избегнувајте ги оние со додаден вкус или овошје бидејќи не може да бидете сигурни што всушност има во нив.

По ненадејниот скок на шеќерот, доаѓа нагло опаѓање поради што ќе почувствувате уште посилен глад и ќе посегнете по нездрава храна. Ако сте јаделе јогурт полн со шеќер, сте си направиле лоша услуга.

– Полномасниот јогурт нема да предизвика скок на шеќерот, а ќе добиете и природни протеини, поради кои подолго ќе се чувствувате сити – вели Жаклин Лондон, диететичарка.

– Полномасните млечни производи се едноставно повкусни. Подобри се кога станува збор за составот, подолго ве држат сити и текстурата е попријатна. Добивате и доза пробиотици, а без додаден шеќер – изјави Ал Бочи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag