Одбележување на 149-годишнината од раѓањето на големот костурски војвода Васил Чакаларов

popara23 февруари, 20231min00
Naslovna

Вчера во просториите на музеј “Порта Македонија“ во Скопје се одржа грандиозно одбележување на 149 годишнината од раѓањето на големиот костурски војвода Васил Чакаларов во организација на Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Во име на организаторот говореше г-динот Сотир Лукровски, координатор на здруженијата кој во својот говор ја истакна потребата од развивање на националната свест кај младите генерации македонци и саможртвата која ја правеле нашите претци за татковината Македонија.

Проф. Др. Никола Жежеов говореше за ликот и делото на Васил Чакаларов од историски аспект и укажа дека сите ние денес сме Чакаларовци.

Жив сведок на многу историски настани беше г-динот Ламбро Поп Димитров роден 1935 година во селото Смрдеш, соселанец на Васил Чакаларов.

Низ емотивен говор сведочеше за нашето битсвување низ неговите 88 години и нашите чисти македонски корени.

Еминентната уметничка Бојана Скендеровски го отвори настанот со изведба на националната химна и го приведе кон крај со прекрасната изведба на песната за Чакаларов во едно ново руво.

Модератор на настанот беше Викторија Петровска.

Мора да нагласиме дека настанот беше одлично организиран и со богата содржина од животот и борбата на војводата.

Салата беше претесна за сите заинтересирани, а меѓу годистие беа и претставници од МПЦ, здруженија, повеќе општини, професори, општествени работници, јавни личности, политички партии и медиуми.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma