Честа појава е луѓето да одат во тоалет после пиење кафе, но многумина мислат дека тоа може да биде здравствен проблем.
Научниците од Универзитетот во Тексас спроведоа истражување токму на оваа тема.
За време на нивното истражување на стаорците им давале кафе три дена, со што успеале да ја зголемат подвижноста на цревните мускули, независно од дозата на кофеин.
„Подвижноста на мускулите на тенкото црево се зголеми кај стаорците по три дена консумирање кафе. Тоа значи дека стаорците, исто како и луѓето, морале да имаат големо празнење на дебелото црево по пиењето кафе. Дури и бројот на бактерии во нивниот измет се намалил. Интересно е што овие ефекти се независни од кофеинот, бидејќи кафето без кофеин имало сличен ефект врз нивното варење“, вели водечкиот автор на студијата, Ксуан Женг Ши, за британски „Мирор“.
Се претпоставува дека лаксативното дејство на кафето се должи на неговите кисели својства. Докажано е дека повисоките нивоа на стомачна киселина, која се создава благодарение на хлорогената киселина во кафето, ја активира работата на дигестивниот систем.
Затоа, следниот пат кога кафето ќе ве принуди да го посетите тоалетот, бидете сигурни дека тоа е до кафето и дека се е во ред со вашето здравје.
Многу луѓе се прашуваат дали кафето е здраво за нашиот организам, тоа е прашање кое често го поставуваат експертите. Секако, дава бројни придобивки за телото, но сепак има некои работи на кои мора да обрнете внимание.
Кафето е важен антиоксиданс. Шолја чисто црно кафе на празен стомак го стимулира производството на стомачна киселина, што не е особено корисно за луѓето со гастритис.