Одличен за домот: Кога ќе чуете за што се може да го користите ТАЛОГОТ ОД КАФЕ, никогаш повеќе нема да го фрлите!

popara19 февруари, 20231min00
kafa-1-2048x1363 (2)

Покрај тоа што кафето нè полни со енергија за сите секојдневни задачи, неговиот талог може да биде од голема помош за хигиена и убавина, како и за одгледување цвеќиња.

Дознајте како можете да го искористите преостанатото кафе во вашето домаќинство денес.

Ги отстранува непријатните мириси од замрзнувачот

За да спречите непријатни мириси во замрзнувачот, ставете суво мелено кафе во него! Кафето ќе ги впие мирисите, па ставете го во покриен сад со отвори на капакот и ставете го во замрзнувач. Променете ја содржината на садот на секои две недели бидејќи неговата апсорпција природно слабее со текот на времето.

Го олеснува чистењето на каминот или шпоретот

Доколку сакате да го исчистите каминот, пред да ја зграпчите метлата, насобраниот пепел посипете го со талог од кафе. Влагата ќе ги врзе ситните честички од прашина и ќе ги спречи да се расфрлаат низ станот кога ќе почнете да чистите. Ова е лесен начин да спречите уште поголем хаос!

Помага во борбата против тврдоглавите дамки

Доколку немате жичен сунѓер, користете талог од кафе за дополнително чистење на изгорените тенџериња и тави, како и валкани чинии!

Го стимулира растот на цвеќето

Искористеното мелено кафе сè уште е полно со хранливи материи кои можат да се користат како ѓубриво за растенија кои претпочитаат покисел состав на почвата.

Посипете го теренот над вашите грмушки од рози, рододендрони, зимзелени и камелии и гледајте како растат вашите растенија.

Работи како одличен пилинг

Ако правите сапун дома, не заборавајте го меленото кафе! Не само што ќе ги отстрани непријатните мириси, парчињата кафе ќе делуваат како нежен и миризлив пилинг. Впрочем, голем процент од антицелулитните препарати содржат кафе.

Го елиминира мирисот на лук од прстите

Кога готвите, некои намирници може да остават силен мирис на вашите раце. Чистењето лук или риба е особено проблематично, затоа чувајте малку мелено кафе покрај мијалникот, исчистете ги рацете со него и исплакнете ги со вода за да ги отстраните несаканите мириси.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag