Актерката Кортни Кокс конечно ја доби својата ѕвезда на холивудската Патека на славните во Лос Анџелес.
На свечената церемонија на откривањето на ѕвездата присуствуваше нeјзиното семејство и пријателите, меѓу кои беа и Џенифер Анистон и Лиса Кудроу, со кои глумеше во култната серија „Friends“.
Омилените Моника, Рејчел и Фиби уште еднаш потврдија дека се неразделни и речиси 20 години по завршувањето на снимањето на серијата која трите ги лансираше меѓу ѕвездите. Нивните заеднички фотографии од настанот ги преплавија социјалните мрежи.
Џенифер на Кортни ѝ посвети и трогателна порака на својот профил на Instagram.
„Денеска сум горда на нашата девојка Кортни. Ги сакам овие жени со целото мое срце и душа. Лиса и јас сме во облаци бидејќи можевме да ја славиме неа и нејзините неверојатни достигнувања“, напиша Анистон, споделувајќи и заедничка фотографија од церемонијата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОБЈАВАТА НА АНИСТОН ТУКА
„Да се биде пријателка со Кортни значи да се биде семејство со Кортни. Таа е заслужна за сето тоа. Од почетокот кога се запознавме веднаш беше инклузивна, топла, полна со љубов, заинтересирана за сѐ за тебе“, рече Анистон, која на овој настан дури и заплака од среќа.