Состојки:
2 јогурти од 400 мл
2 чаши брашно
1 чаша гриз
половина чаша шеќер
половина чаша масло
100 гр. афион
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо
3 лажици масло
Подготовка:
Во сад сипете јогурт, па додајте ги сите горенаведени состојки, нежно и убаво измешајте и истурете во тркалезна тава (28 см) која сте ја подмачкале и набрашнете или сте обложиле со хартија за печење.
Протресете за да се распореди масата рамномерно на плехот, а потоа печете на 180 степени C 40 минути додека не порумени и не се одвои од плехот. Топлата торта прелијте ја со чоколадната глазура и оставете ја целосно да се излади, а потоа исечете ја на коцки.
Забелешка:
Чашите не ги полнете со брашно и гриз до горе, туку само до работ, а ако не ви се допаѓа додадете уште малку млеко.