После долг и напорен ден на работа, последното нешто што сакате да го направите е да ја потпрете главата на перница која не е чиста и удобна.
Навистина, одржувањето на хигиената на перницата може да биде доста напорно, особено за луѓето кои се склони кон ноќно потење, поради што перницата добива жолтеникави дамки по неколку месеци користење.
Како што пренесува „Newsbeast“, секој од нас може да примени два едноставни трикови кои ќе го олеснат одржувањето на перницата.
1. Користете две навлаки за перници
Повеќето луѓе прибегнуваат кон стандардот и користат само една навлака за перница. Но, тоа е грешка, бидејќи на тој начин перницата побрзо се валка, па затоа треба почесто да се мие и менува.
За подолг век на траење на перницата и нејзина чистота, задолжително ставете две навлаки за перници. Првата може да биде од погруб материјал, од постелнината која долго ја користите, а втората од материјал со мазна текстура.
Дерматолозите често предлагаат да користиме свилена постелнина, бидејќи овој материјал е пријатен за кожата и донекаде го ублажува создавањето на брчки.
2. Користете природни ресурси
Перниците полни со волна или пердуви треба повремено да се изложуваат на сонце. Имено, сончевите зраци можат да ги елиминираат грините, мувлата и алергените и се одлична алтернатива за оние кои сакаат да избегнуваат хемикалии при одржувањето на перниците чисти.
Отстранете ги навлаките за перници, а потоа поставете ја перницата на јаже за алишта со штипки и оставете ја на сонце два часа. По два часа протресете ја перницата, па повторно закачете ја со штипки, но од другата страна и оставете ја да се „сонча“ неколку часа.
Пред да ја внесете перницата во спалната соба, добро протресете ја, па ставете две навлаки за перници и уживајте во одморот.